Навивачите во Англија не се враќаат во октомври

EPA-EFE/PETER POWELL

Иако претходно беше најавено дека постои план навивачите во Англија да се вратат на стадионите на 1. октомври, таа идеја пропадна, јавува Би-Би-Си.

Новите мерки за враќањето на навивачите на стадионите беа разгледувани на почетокот од месецот кога состојбата со новозаболените од коронавирус не беше толку сериозна.
Планот на англиската Влада беше во наредните шест недели да има не повеќе од 1.000 навивачи на трибините.

Но, состојбата со ковид-19 во Англија повторно е алармантна, Владата ја крена заканата на ниво 4, што значи „високо или со експоненцијален раст“.
Поради тоа, враќањето на навивачите е одложено, а новите мерки ќе ги објави премиерот Борис Џонсон во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот