Неверојатно, навивач на Ливерпул го повреди својот голман

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп најверојатно за утрешниот натпревар нема да може да смета на голманот кој дојде во тимот пред една недела, Адријан.

Адријан пристигна на „Енфилд“ како замена за повредениот Алисон и беше најзаслужен за победата на неговиот тим во Европскиот Супер куп откако во пенал серијата против Челси, го одбрани шутот на Абрахам, но на прославата се повреди.

Според весникот „Тајмс“, 32-годишниот шпански голман се повреди за време на прославата на трофејот на стадионот на Бешикташ во Истанбул, а главен виновник за повредата е навивач токму на Ливерпул.

– Не разбирам зашто во светот на универзална социјализација, кога сите сме заедно, навивач толку лесно ја прескокна оградата, и со лизгачки старт го удри Адријан во зглобот кој сега е потечен и ни направи проблем за натпреварот со Саутемптон – изјави Клоп.

Во отсуство на Алисон и Адријан, на голот на Ливерпул во натпреварот од второто коло во Премиерлигата најверојатно ќе се најде 35-годишниот Енди Лонерган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот