Навални во добро расположение се огласи на Икс: Јас сум новиот Дедо Мраз, пуштив брада и живеам на Арктикот!

Алексеј Навални / Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални изјави дека е „добро“ по „прилично исцрпувачкиот“ 20-дневен трансфер во казнена колонија надвор од Арктичкиот круг, пренесува Гардијан.

Местото каде се наоѓа критичарот на Кремљ беше непознато повеќе од две недели, но пред неколку дена беше објавено дека тој е во казнена колонија на крајниот север на Русија и го посети неговиот адвокат, рекоа неговите поддржувачи.

„Не грижете се за мене. Добро сум. Сосема ми олесни што конечно успеав. Сè уште сум во добро расположение, како што му доликува на Дедо Мраз“, напиша Навални на Х во вторникот по пристигнувањето во колонијата позната како Поларен волк.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека и понатаму е „длабоко загрижен за благосостојбата на Навални и условите на неговиот неправеден притвор“. Навални мобилизираше огромни антивладини протести пред да биде затворен во 2021 година, откако преживеа обид за атентат со труење.

Тој го помина најголемиот дел од својот притвор во казнената колонија ИК-6 во Владимирската област, 250 километри источно од Москва. Судот во август му ја продолжи казната на 19 години под обвинение за екстремизам и донесе одлука тој да биде преместен во построг затвор со „специјален режим“ за особено опасни затвореници.

Сојузниците рекоа дека неговиот трансфер би можел да биде поврзан со претстојните претседателски избори во март, пред кои многу критичари на Кремљ беа затворени или избегаа.

„Од самиот почеток беше јасно дека властите сакаат да го изолираат Алексеј, особено пред изборите“, рече Иван Жданов, кој раководи со Антикорупциската фондација на Навални.

Навални е испратен во „една од најоддалечените северни и најоддалечените колонии од сите“, додаде Жданов. Според веб-страницата на регионалната затворска служба, колонијата била изградена во 1960-тите на местото на логор кој бил дел од мрежата на работните логори од времето на Сталин, позната како Гулаг. Во него може да се сместат до 1.020 затвореници.

„Поларен волк“: И да може, нема каде да се бега од новиот затвор на Навални

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот