Наумовски се врати во Шкупи, клубот го напуштија Куевен, Нилтињо, Хоџиќ и Абази

фото: fcshkupi.com

Фудбалскиот клуб Шкупи денеска ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната. Од Чаир ги објавија првите заминувања од екипата, тоа е бразилскиот фудбалер Куевен кому договорот му истекуваше на крајот на декември.

Во меѓувреме, со уште тројца фудбалери како Нилтињо, Хоџиќ и Абази, клубот спогодбено ја прекина соработката.

Раководството, стручниот штаб и фудбалерите им се заблагодаруваат на сите овие фудбалери за придонесот додека беа дел од Шкупи, посакувајќи им понатамошни успеси во кариерата.

Од Чаир најавија дека во наредните денови ќе започнат со претставување на нови засилувања со кои се надеваат дека уште повеќе ќе ја зголемат конкуренцијата во тимот за највисоки можни достигнувања.

Во меѓувреме, по разделбата со четворицата фудбалери Куевен, Нилтињо, Хоџиќ и Абази, клубот објави дека во екипата се враќа голманот Кристијан Наумовски кој краток период настапуваше во Брунеи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот