Науката потврди: Сувите, болни усни се новиот симптом на ковид-19

Profimedia

Температура, кашлица, малаксаност, па стомачни проблеми, губење на сетилото за мирис и вкус…

Во овие седум месеци напамет научивме кои се првите симптоми на новиот коронавирус, но сега е откриен уште еден кој досега никој не го спомнуваше.

Британското здружение на дерматолози ги анализирало симптомите пријавени преку апликацијата за самопроценка и утврдило дека проблемот со усните може да биде индикатор за коронавирусот.

Сувите, болни и испукани усни може да бидат еден од најраните симптоми на ковид-19. Иако тоа можеби звучи нелогично, всушност, има смисла. Еве што велат дерматолозите:

Во текот на пандемијата стана јасно дека покрај главните симптоми, температурата и кашлицата, симптоми може да се развијат и на кожата. Извештаите од Кина, а потоа и од Европа, покажаа дека коронавирусот во 20 отсто случаи предизвикува симптоми на кожата, со оглед на тоа дека покренува многу имунолошки реакции, па не е чудно што е погодена и кожата. Усните може да бидат болни, суви или дури и да се лупат“, наведуваат дерматолозите.

Меѓутоа, само затоа што усните ви се суви не мора да значи дека имате коронавирус, особено во овој период од годината. Постуденото време и ветарот секако дополнително ќе ги исушат усните. Но ако забележите невообичаени промени на усните во овој период од годината, консултирајте се со вашиот матичен лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот