Истражување: Ова се професиите кои први ќе ги прегази вештачката интелигенција

Вештачка интелигенција/ Фото: GORODENKOFF PRODUCTIONS / Sciencephoto / Profimedia

Кои работни места ќе ги преземе вештачката интелигенција? На тоа прашање се обиделе да одговорат група професори од неколку истакнати американски универзитети.

Група професори од Универзитетот во Њујорк, Универзитетот Принстон и Универзитетот во Пенсилванија во својот нов труд со наслов „Како четботовите како ChatGPT ќе влијаат на професиите и различните индустрии?“ се обиделе да расветлат кои професии ќе бидат први на удар од најбрзо растечката технологија во светот.

Иако научниот труд сè уште не е целосно завршен, резултатите се фасцинантни, пишува порталот „Футуризам“ (Futurism).


„Веруваме дека новите откритија во вештачката интелигенција најмногу ќе ги погодат работниците во телемаркетингот, а потоа професорите кои предаваат јазици, литература и историја во средните училишта“, наведуваат научниците.

Меѓу главните индустрии каде вештачката интелигенција би можела да стане доминантна се правниот и финансискиот сектор.

„Клучно беше да се препознаат десетте области во кои вештачката интелигенција постигнала најголем напредок (препознавање слики, препознавање говор, моделирање јазик, апстрактни стратешки игри…) и да се поврзат со 52 вештини кои луѓето ги користат во својата професија“, објави еден од истражувачите на Твитер, реферирајќи се на споменатиот труд.

Учителите и вработените во финансиските служби, според овие истражувања, би можеле да бидат првите жртви на ChatGPT.

Сепак, треба да се нагласи дека ChatGPT сè уште не е најпрецизен во обезбедувањето на вистинските информации, што доведува во прашање како ќе ги подучува другите за историјата. Исто така, ChatGPT не е најдобар во математика, што е есенцијално за финансискиот сектор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот