Натпреварот Албанија – Англија пред одложување, полицијата не може да ја гарантира безбедноста

Албанска полиција, Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Средбата од квалификациите за СП 2022 треба да се игра на 28. март во Тирана.

Натпреварот во рамки на квалификациите за пласман за Светското првенство во Катар 2022 година помеѓу Албанија и Англија кој за три дена треба да се игра во Тирана, е под знак на прашање.
Причината поради која натпреварот закажан за 28. март е неизвесен бидејќи Фудбалската федерација на Албанија, не може на Англичаните да им ја гарантира безбедноста.
Фудбалската федерација на Албанија тврди дека полицијата одбила да го обезбедува овој натпрвеар.
– Добивме писмо од директотатот на полицијата во Тирана во кое се наведува дека полицијата не може да ги спроведе сите мерки кои се неопходни за да ја гарантира безбедноста пред, за време на натпреваот и по него. Доколку дојде до одложување на натпреварот со Англија тоа би имало катастрофални последици по имиџот на државата, репрезентацијата и фудбалот – соопшти фудбалската федерација на Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот