Натпревар за инфаркт на ЕП: Русија промаши пенал за реми во последната секунда

Поранешниот вардарец Шишкарев не го реализира седмерецот во последната секунда/фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Селекцијата на Шпанија направи голем чекор кон обезбедување пласман во полуфиналеро на Европското првенство откако во Братислава во драматична завршница ја совладаа Русија со 26:25 и го задржа максималниот учинок.

Русите си се сами виновници за поразот бидејќи во поголем дел од второто полувреме беа во предност, а во последната секунда од натпреварот, не погодија пенал за реми.

По израмнетата игра во првото полувреме кое заврши со минимална предност на „фуријата“ од 12:11, во вториот дел руските ракометари заиграа далеку подобро, поведоа со три гола 15:18, а потоа разлика се искачи на четири гола (18:22).

Но, европскиот шампион успеа да се врати во игра и да дојде до израмнување 23:23 по што следеше игра гол за гол. Касадо Марсело погоди за предност од 26:25 за Шпанија во 56 минута по што следеа минути без постигнат гол. Во последната секунда, судиите по прегледување на видео снимката одлучија да досудат пенал за Русија, но Шишкарев ја погоди стативата и пропушти можност да и донесе бод на својата репрезентација. Касадо со седум гола беше најдобар кај Шпанија, додека Санталов даде шест за Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот