НАТО размислува да ги засили сојузничките сили доколку руските трупи останат во Белорусија

НАТО војска EPA/FEHIM DEMIR

НАТО ја разгледува можноста за зголемено воено присуство во балтичките земји и Полска во случај Русија да ги задржи своите трупи во Белорусија по планираната воена вежба, изјави шефот на воената комисија на алијансата.

 

Во Белорусија, северниот сосед на Украина, Русијаво последниот месец распореди 30.000 војници месец поради заеднички воени вежби, така што вкупниот број руски војници на границите на Украина во моментов е повеќе од 100.000.

Воени маневри на украинската армија во 2018/ Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Соединетите Држави испратија 3.000 војници во Романија и Полска минатата недела, а Германија соопшти дека размислува да ги засили сегашните воени сили во Литванија.

Можно е натамошно распоредување на сојузничките сили на НАТО, изјави Роб Бауер, холандскиот адмирал член на највисокото стратешко тело на НАТО.

„Размислуваме каде континуирано имаме војници Може да има некои промени во иднина, а тие ќе бидат резултат на ваквиот развој на настаните“, изјави Бауер

„Сè во голема мера зависи, се разбира, од тоа дали руските трупи, кои сега се во Белорусија, ќе останат таму“, додаде тој.

epa09649521 Ukrainian reservists attend a military exercise at a training ground near Kiev, руска армија  EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Москва соопшти дека не планира инвазија на Украина, но може да преземе одредена воена акција доколку нејзините безбедносни барања не бидат исполнети.

„Ако обрнете внимание на трупањето на воените сили, Русија всушност би можела да има доволно војници за сериозна инвазија до крајот на овој месец, но не знаеме дали тие имаат вистинска намера да го сторат тоа“, рече Бауер. .

Руска армија EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Како дел од последното распоредување на воени сили на границата со Белорусија, гледаме и изградба на полски болници, како и други помошни објекти потребни за поддршка во случај на воен напад, рече Бауер.

„Ако навистина размислувате за инвазија, всушност ви треба повеќе од воени сили. И сè повеќе гледаме такви работи долж границите со Украина и на границата меѓу Белорусија и Украина, што само по себе е многу загрижувачко“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот