Германската компанија Рајнметал произведува оклопни борбени возила, оружје и муниција/Фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

НАТО потврди дека имало руски заговор за атентат на шефот на Рајнметал

Официјален претставник на НАТО денеска изјави дека рускиот заговор за атентат на шефот на германската индустрија за оружје, Рајнметал, е меѓу актите на саботажа извршени во земјите-членки на воената алијанса во последните години.

Говорејќи пред Европскиот парламент, заменик-помошникот генерален секретар на НАТО за иновации, хибриден сектор и сајбер простор, Џејмс Апатураи, го потврди планот против извршниот директор на Рајнметал, Армин Папергер.

Официјалниот претставник на НАТО рече дека инцидентите на саботажа вклучуваат „излетување на воз од шините, акти на подметнување пожари, напади на имотот на политичарите, закани за заговор за убиство на раководители на индустријата, како што е заканата објавена во јавноста против шефот на Рајнметал. Но, имаше и други заговори“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц и директорот на Рајнметал Армин Папергер/Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Заговорот беше осуетен од разузнавачките служби на Соединетите Американски Држави и Германија , а ова е првпат висок функционер на НАТО, Германија или САД официјално да потврди дека имало заговор за атентат врз Папергер, за што на големо пишуваа светските медиуми во јули 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот