Наставниците и родителите ќе одлучуваат дали учениците ќе имаат пролетен распуст
Ако и догодина има пролетен распуст, наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни, а доколку се одлучи да нема пролетен распуст – ќе заврши на 10 јуни
Поради различни ставови околу пролетниот распуст на учениците, Министерството за образование и наука испрати прашалник до училиштата, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење.
Препорачано
-Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024-2025, министерството испрати прашалник до училиштата. Во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните и на средните училишта во учебната 2024-2025 година и за успешно заокружување на процесот, од голема важност е мислењето на пошироката јавност околу тоа дали е потребно организирање пролетен распуст – информира МОН.
Од Министерството посочуваат дека ако и догодина има пролетен распуст, наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025, а доколку се одлучи да нема пролетен распуст – ќе заврши на 10 јуни 2025.
Оваа учебна година за средношколците заврши на 10 јуни, на барање на Сојузот на средношколци, учебната. Основците, пак, посетуваа настава до 17 јуни.
Ниту топлотниот бран не го натера Шаќири да ја прекине наставата за основците
Временските услови и состојбата во училиштата не беа поволни за учениците да посетуваат настава во тој период, па родителите реагираа наставата да заврши пред 17 јуни или да има скратени часови.
Од Министерството за образование и наука одлучија наставата да се одвива со скратени часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја.
Основците ќе имаат скратени часови, МОН препорачува да не јадат мрсно и благо и да пијат повеќе вода
Претходниот министер, Јетон Шаќири тогаш изјави дека во Законот за основно образование се одредени точен број работни денови во училиштата, додека средните училишта ја немаат законската обврска за точен број работни денови.
– Сите одлуки се донесуваат во консултација со тие што се засегнати. Сојузот на средношколци побара освен пролетниот распуст заради административните постапки на запишување на децата во високото образование, средното образование да заврши на 10 јуни, тоа го дозволуваше законот и ние тука постапивме – рече Шаќири.
Со одлука на Владата и МОН, учениците во основните и во средните училишта минатата година првпат имаа пролетен распуст, кој беше организиран од 29 април заклучно со 6 мај 2024. Основците првпат имаа продолжена учебна година, која заврши на 17 јуни, а за средношколците учебната година заврши на 10 јуни 2024.
Пролетен распуст за сите ученици, учебната година ќе трае до 17 јуни


