Пролетен распуст за сите ученици, учебната година ќе трае до 17 јуни

Фото: rawpixel / CC 1.0

За првпат пролетен распуст за учениците во основното и во средното образование, потврдија од министерството  за образование.   Владата донела одлука со која поради пролетниот распуст, учебната година ќе трае до 17 јуни.

Министерот Јетон Шаќири вели дека пролетниот распуст е за сите, односно и за наставниците и останатите вработени, кои нема да одат на работа во тие седум дена.

„Пролетниот распуст ќе трае од 29 април до 5 мај. Со ова, ќе им се овозможи на учениците да имаат пролетен распуст по примерот на европските држави. Инаку, учебната година започнува на 1 септември. Првото полугодие ќе трае до 30 декември. Второто полугодие, пак, започнува на 22 јануари и учебната година завршува на 17 јуни“, објаснува  министерот Шаќири по денешната владина седница на која бил изгласан предлогот.

 

Претходно,  Шаќири рече  дека се планира наместо на 1 септември, учебната година да започне на 11 септември, но тоа сепак не се случи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот