НАСИЛНИЦИТЕ ОД ШТИП КОИ БРУТАЛНО ТЕПАА ДЕВОЈКА СЕ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА

Вознемирувачко видео се појави утринава на социјалните медиуми, на кое се гледа како момчиња брутално напаѓаат и тепаат девојка која ја обвинуваат дека излажала дека е бремена. На видеото се слушаат силни удари, а жрвтата со лелеци ги моли напаѓачите да престанат.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на неговиот фејсбук-профил сподели дека напаѓачите се лишени од слобода:

– Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, ја информирам јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата кои се препознаваат на видеото и истите се лишени од слобода за понатамошно постапување.

Според информациите од ПС ОН Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р.

За конкретниот настан и преземените мерки известено е основното јавно обвинителство. Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот, напиша Чулев.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: МОМЧИЊА БРУТАЛНО ТЕПАAT ДЕВОЈКА ВО ШТИП

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот