ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: МОМЧИЊА БРУТАЛНО ТЕПАAT ДЕВОЈКА ВО ШТИП

Вознемирувачко видео се појави на социјалните медиуми, на кое се гледа како момчиња брутално напаѓаат и тепаат девојка која ја обвинуваат дека излажала дека е бремена. На видеото се слушаат силни удари, а жрвтата со лелеци ги моли напаѓачите да престанат.

Според личноста која го споделила видеото во група на фејсбук, станува збор за две момчиња од Штип, а воедно го открива и нивниот идентет. Според објавата, момчињата го споделиле видеото на социјалните медиуми.

Заменичката на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска за „Слободен печат“ вели дека Бирото за јавна безбедност постапува за видеото. Видео материјалот содржи очигледни елементи на насилство. Лицата се идентификувани. Постапува и центарот за социјални работи. Петровска најави најстроги санкции за сторителите.

ОБНОВЕНО: „Слободен печат“ прв го објави вознемирувачкото видео, а поради брзата реакција на МВР, истото е отстрането од нашиот портал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот