Фото: илустрација / Слободен печат

Насилници не ја пуштале пејачката да пее во кафеана во Аеродром, едниот кажал дека е полицаец и ја нападнал

Двајца насилници рано утрово предизвикале инцидент во кафеана во скопската општина Аеродром, кога ја спречувале пејачката да работи и му се заканувале на сопственикот. Како што било пријавено, еден од пијаните гости се претставил како полицаец и физички ја нападнал пејачката, велат од МВР.

Двајцата осомничени се уапсени.

„На 09.04.2026 во 02:13 часот во СВР Скопје С.К. пријави дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром имало нарушување на јавниот ред и мир од страна на две лица. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот, каде што пријавителот појаснил дека двајца мажи ја спречувале пејачката во локалот да работи, а едниот од нив кој се претставувал дека е од полиција, и физички ја нападнал. Исто така, лицата упатувале закани и кон пријавителот. Од страна на полициските службеници од слобода се лишени Љ.А.(35) и Н.Д.(40) двајцата од Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Кумановец мавтал со нож и пиштол на договорена тепачка и пак завршил натепан од тинејџер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот