Нашиот противник во квалификациите со летни тестови на „Балтик купот“

фото: kfsm.mk

Ова ќе биде еден прв официјален кошаркарски настан во текот на овие неколку месеци пауза поради пандемијата на Ковид-19.

Како дел од одбележувањето на „100 години кошарка“ во Естонија, националната федерација на Естонија на крајот на оваа недела ќе организира силен меѓународен турнир.

Од 24-26 јули 2020 година во „Саку Сурхал“ Арената во Талин ќе се игра „Балтик Купот“, на кој учество покрај селекцијата домаќин, ќе земат и репрезентациите на Литванија и на Летонија.

Со оглед на законсите регулативи во Естонија, поврзани со пандемијата предизвикана од коронавирусот, организаторите најавија дека во салата во Талин ќе може да бидат присутни најмногу 1.500 гледачи. Согласно со тоа и билетите (од 14.90 до 69.90 евра) ќе бидат во доста ограничен број.

Ова ќе биде еден прв официјален настан во текот на овие неколку месеци пауза предизвикани од смртоносниот вирус, а кој ќе има и меѓународен карактер.

Согласно со распоредот, првиот меч, на 24. јули (петок) од 19.30 часот, ќе играат Естонија и Литванија. Следниот ден, во исто време, ќе се сретнат Летонија и Литванија, додека турнирот ќе биде затворен во недела, исто така од 19.30 часот (по локално време), со дуелот Естонија-Летонија.

Засега нема официјална потврда на играчкиот ростер на селекцијата на Естонија, нашиот противник во квалификациите за Евробаскетот 2021 година.

Нашите сениори не започнаа најдобро во квалификациската група Б, со два порази, дома токму од Естонците (72:81), и на гости кај Русија (77:67).

Следните два меча ќе ги имаме годинава на гостински терен против Италија (27 ноември) и Естонија (30 ноември).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот