Наредниот викенд меѓународен пливачки митинг „Немо Куп 2019“

фото: фејсбук

Националната пливачка федерација предводена од претседателот Александар Филипчев информира дека на 30 ноември и 1 декември ќе се одржи пливачкиот меѓународен натпревар „НЕМО КУП“, оваа година е 15. по ред.

Повторно домаќин ќе биде Пливачкиот клуб „Делфин Скопје“, а овој натпревар ќе се одржи на базенот „Борис Трајковски“.

Пливачите можат да настапат во шест старосни категории при што најдобрите пливачи од секоја категорија ќе добијат стокови награди, додека во апсолутна категорија ќе се доделуваат и парични награди.

Првите тројца натпреварувачи од секоја категорија во секоја дисциплина добиваат медали. За најдобар клуб се прогласува оној што ќе освои најголем број на медали.

Свеченото отворање е в сабота (30. ноември) од 16.45 часот, а од 21.00 часот ќе има и коктел за спонзори и тренери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот