Направете напивка што ја лекува „најстарата болест на светот“

Гихтот често се нарекува најстарата болест во светот – постоењето на оваа форма на артритис е забележано уште од времето на древниот Египет.
Гихт е воспаление на зглобовите придружено со напади на силна болка, црвенило и отоци кои настануваат од таложењето на уринарните кристали.
Уричната киселина настанува при разградувањето на пурините, а најчесто се излачува од телото преку урината. Меѓутоа, ако организмот произведува зголемено количество на урична киселина или, пак, ако бубрезите не ја исфрлаат правилно од телото, тогаш може да дојде до нејзина кристализација, што, пак, предизвикува болна состојба.
Настанатите остри кристали се таложат во зглобовите, најчесто во стапалата, т. е. регијата на палецот и предизвикува силна болка.
Денес постојат лекови кои ја лекуваат оваа непријатна состојба, а за оние кои се повеќе наклонети кон природни алтернативи, ви носиме рецепт за напивка од четири состојки со кој успешно ќе се борите против гихтот. Целерот и ѓумбирот ги ублажуваат воспалителните процеси, додека краставицата ќе се справи со кристалите.
Состојки за напивка против гихт:
1. Грст стебленца целер (зелениот дел помеѓу корените и листовите)
2. Парче свеж ѓумбир (од 2 до 3 см во големина)
3. Половина свежа краставица со средна големина
4. Сок од половина лимон по желба
Подготовка:
Целерот, ѓумбирот и краставиците ситно исечкајте ги, ставете ги во блендер и убаво измешајте. На крај додајте го сокот од половина лимон. Напивката испијте ја веднаш бидејќи најдобра е кога е свежа.