Фото: Pexels / Gustavo Fring

Направете го сами! Моќен раствор кој чини 30 денари ги враќа цвеќињата во живот

Градинарските растенија често бараат грижа и подготовки за да напредуваат и да бидат заштитени од штетници. Сепак, постои решение кое можете сами да го направите дома за да ја создадете цветната оаза од вашите соништа.

Она што малкумина го знаат е дека витаминот Б го има во повеќето производи за нега на внатрешни и градинарски цвеќиња. Бидејќи свежиот пекарски квасец е одличен извор на витамин Б, користете го за да направите раствор за наводнување на цветни растенија.

Состојки:

– 10 г свеж квасец
– лажичка шеќер
– литар млака вода

Подготовка:

Растворете го квасецот во водата, потоа додадете шеќер и добро измешајте. Оставете ја течноста да отстои најмалку 2 часа, а потоа истурете ја во шише со распрскувач и наводнете ги вашите растенија. Користете го овој раствор за наводнување еднаш на секои десет дена во текот на пролетта и летото, или двапати месечно во текот на есента и зимата. Листовите ќе станат позелени, а цвеќињата ќе бидат побујни и изобилни.

Сличен ефект дава и течноста во која преку ноќ е натопена кора од банана.

Во зима доволно е да го полевате растението со оваа течност двапати месечно, а за време на летните горештини тоа можете да го правите секоја недела.

Зошто цвеќето треба да се прихрани со квасец?

Бидејќи содржи голем број на хранливи материи како витамин Б, фитохормони и ауксин. Оваа комбинација на супстанции доведува до забрзан раст на растенијата, исто како што тестото нараснува кога му се додава квасец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот