Наполи поразен на стартот од ЛЕ, пресврт на Рома (ВИДЕО)

epa08765610 Napoli's Victor Osimhen (L) in action during the UEFA Europa League soccer match between SSC Napoli and AZ Alkmaar at the San Paolo stadium in Naples, Italy, 22 October 2020. EPA-EFE/CESARE ABBATE

Екипата на АЗ Алкмар го направи најпријатното изненадување на стартот од Лигата на Европа. Холандскиот тим во Неапол славеше со 0:1 против Наполи.
Човек на одлука беше Дани де Вит кој во 57. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.

За разлика од Наполи, екипата на Рома со пресврт славеше на гостувањето во Швајцарија кај Јанг Бојс. Тренерот на „римската волчица“, Паоло Фонсека, одлучи да одмори поголем дел од првотимците и тоа за малку ќе му се одбиеше од глава.


Швајцарците одлично го отворија натпреварот и во 14. минута по прекршокот на Кристанте во сопствениот шеснаесетник, Нсаме успешно го реализира пеналот. Откако увиде дека со резервистите нема да може да дојде до поволен резултат, Фонсека во 59. минута ги внесе во игра Џеко, Мхитарјан и Верето и тој потег му донесе резултат.

Рома веќе во 69. минута израмни на 1:1 откако по асистенцијата на Џеко, Бруно Перес го совлада домашниот голман. Само пет минути подоцна, Рома прави целосен пресврт и тоа благодарение на голот на Кумбула по асистенцијата на Мхитарјан.


Успешен старт во Лигата на Европа имаше Баер Леверкузен кој со уедливи 6:2 ја совлада Ница мна домашен терен, додека фаворитската улога на гостински терен ја оправдаа Арсенал, Бенфика, Реал Сосиедад и Ренџерс.


Резултати:

Група А: ЦСКА Софија – Клуж 0:2, Јанг Бојс – Рома 1:2
Група Б: Дундалк – Молде 1:3, Рапид Виена – Арсенал 1:2
Група Ц: Баер Леверкузен – Ница 6:2, Хапоел Бер Шева – Славија Прага 3:1Ж
Група Д: Лех – Бенфика 2:4, Стандард Лиеж – Ренџерс 0:2
Група Е: ПАОК – Омонија 1:1, ПСВ Ајндховен – Гранада 1:2
Група Ф: Риека – Реал Сосиедад 0:1, Наполи – АЗ Алкмар 0:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот