Фото: EPA/CIRO FUSCO

Наполи ги испрати Ноа Ланг и Лоренцо Лука на позајмица во Турција и Англија

Холандскиот репрезентативец Ноа Ланг официјално се приклучи на Галатасарај од Наполи. 26-годишниот фудбалер ќе игра во Истанбул како позајмен играч до крајот на сезоната за два милиони евра. Може да биде откупен на лето за уште 30 милиони евра. Сепак, откупната клаузула не е задолжителна.

Левото крило дојде во клубот од Неапол од ПСВ Ајндховен изминатото лето, но не успеа да се избори за место во почетниот состав на Антонио Конте. Тој има 27 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи само еден гол. Во Галатасарај, тој ќе игра заедно со Лерој Сане, Виктор Осимен и Мауро Икарди.

Наполи испрати уште еден играч на позајмица, репрезентативецот на Италија, Лоренцо Лука до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Нотингем форест.

Премиерлигашот ќе плати еден милион евра за позајмицата, со опција да го откупи фудбалерот на лето за 40 милиони евра. Клаузулата, сепак, не е задолжителна.

Лоренцо Лука го засили Наполи доаѓајќи од Удинезе лани за 26 милиони евра. Напаѓачот постигна само два гола на 23 натпревари, а досега има пет настапи за италијанската репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот