Налепниците за растојание во Либија го добија ликот на Макрон

Портретот на францускиот претседател Макрон почна да се користи за налепници со кои се ограничува растојанието на купувачите во продавници во кои пазарат само жени во Либија.

Откако Францускиот претседател застана во одбрана на правото на слобода на говор и изразување и ги бранеше карикатурите со пророкот Мухамед велејќи дека Франција нема да се откаже од нив не стивнува револтот во муслиманските земји. До сега, најбурно реагираше турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, а не заостануваат ни другите муслимански земји.

Протестите против овој лидер се шират од Турција, преку Либија до Газа. Лутината сите ја искажуваат на различни начини. Освен протести кои се организираат низ светот во некои земји се појавија и други неконвенционални форми со кои се демонстрира несогласување со францускиот претседател.

Прочитајте и...  Црна Гора со нова стратегија против коронавирусот

Бутик за жени во Либија ги искористи неговите фотографии за да залепи налепници на подот со кои се обележува растојанието на кое муштериките треба да внимаваат заради заштита од коронавирусот. На тој начин сопствениците на бутикот им овозможил да го газат ликот на Макрон додека се движат низ продавницата.

Како одговор на карикатурите со пророкот Мухамед и најновата со турскиот претседател Ердоган весник во Иран објави карикатура во која Макрон изгледа како ѓавол.

Тензиите меѓу Франција и Турција траат неколку дена. На критиките на Ердоган се приклучија и други муслимански земји, кои „ги осудија навредите на Макрон на штета на исламот“, а сè се случи откако француски професор беше обезглавен затоа што на час по слобода на изразување покажал карикатури на пророкот Мухамед, Францускиот претседател Макрон го оцени нападот за тероризам.

Прочитајте и...  АПСЕЊА ВО ЛОНДОН: 60 лица лишени од слобода на протестите против карантинот (ВИДЕО)

 

 

Макрон ќе го посети вечерва местото на нападот

Поврзани вести

17 пациенти починаа во скопските болници, најмладиот има 31 година

Михаило Донев

Деспотовски најави влез на нови компании во индустриските зони и зголемување на платите во ТИРЗ

Слободен печат

Груби: Македонците треба да го поддржат Заев

Слободен печат

Откриени и мапирани нови археолошки локалитети и поединечни наоди на источниот брег од Охридското Езеро

Слободен печат

Нови 1022 позитивни случаи на ковид-19 во земјава, починати се 41 лице

Слободен печат

Хрватска: Уапсен сопственик на ноќен клуб поради ширење на ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian