Макрон ќе го посети вечерва местото на нападот

epa08749680 France's President Emmanuel Macron wearing a face mask, attends a face-to-face meeting on the second day of a two days EU summit, in Brussels, Belgium, 16 October 2020. EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD / POOL

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го посети предградието на Париз, Конфлан Сент-Онорин, каде беше обезглавен наставник од родител на ученик, кој за време на нападот извикувал „Алах Акбар” (Бог е голем).

Макрон ќе замине во предградието северозападно од францускиот главен град, вечерва по итниот состанок во Министерството за внатрешни работи.

Жртвата е наставник по историја во средно училиште на колеџот и гимназија Буа Д’Олн. Тој неодамна им покажувал на своите ученици карикатури на Мухамед за време на час по слободен говор.

Истрагата која е отворена се води за „напад во врска со терористички потфат ” и „злосторничко терористичко здружување”, таа е во надлежност на антитерористичките потдирекции на полицијата и Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ).

(Извор: МИА)

Брутален терористички напад во Париз: Викнал „Алаху акбар“ и му отсекол глава на наставник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот