НАкС предлага скалесто намалување на платите

Синдикатот предлага воведување солидарен данок на компаниите со добивки над еден милион евра, во иснос од 10 проценти од добивката.

Независниот академски синдикат побара приватниот сектор да го понесе товарот од кризата исто како и јавниот. Од таму предлагаат скалесто намалување на платите на вработените во јавниот сектор од нула проценти за оние со најниски плати, до 30 отсто за оние со највисоки плати, намалување на платите на избраните и именуваните лица за 30 проценти, пренамена на буџетски средства кои не се од витално и ургентно значење во фондот за справување со кризата.

Од таму предлагаат поставување горна граница на висина на плата или до 2000 евра и се што е над таа граница да се слева во фондот за справување со кризата, како и воведување солидарен данок на компаниите со добивки над еден милион евра, во иснос од 10 проценти од добивката која надминува милион евра.

Од синдикатот испратија и остра реакција на предлогот на претседателот на СДСМ Зоран Заев, платите на сите вработени во јавниот сектор да се сведат на минималната плата во наредните два месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот