Фото: vfmkd.org.mk

Наковски Волеј против Младост УГД го брани трофејот: Познати полуфиналните двојки во одбојкарскиот куп

Бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД во полуфиналето од Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција, додека дебитантите Газели Волеј и Вардар ЕМ ќе ја сочинуваат другата полуфинална двојка.

Во машка конкуренција ланските финалисти Штип УГД и Струмица 47&72 ќе имаат директен дуел во првиот полуфинален меч од финалниот турнир од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија кај мажите. ГОК Борец и Работнички 71&22 ќе играат во вториот полуфинален натпревар.

Вака одлучи денешната ждрепка, која во присуство на претставниците на клубовите кои учествуваат на завршниот турнир се одржа денеска во хотел „Континентал“ во Скопје.

Тридневната куп-програма во СЦ “Јане Сандански“ во Скопје започнува со женските полуфинални дуели, кои се играат во четврток 26 март, каде во првото полуфинале од 17:30 часот играат Газели Волеј и Вардар ЕМ, додека од 19:30 часот ќе се игра дуелот кој ќе претставува „финале пред финалето“ меѓу Наковски Волеј и Младост УГД.

Ден подоцна, 27 март, во првиот полуфинален натпревар од 17:30 часот играат ланските финалисти Штип УГД и Струмица 47&72, додека во вториот меч од 19:30 часот ќе се соочат ГОК Борец и Работнички 71&22.

Победниците од овие натпревари на 28 март (сабота) ќе играат за куп-титулата. Финалето во женска конкуренција е закажано за 17:30 часот, додека традиционално машкото финале, од 19:30 часот, ќе го затворат финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026.

КУП НА ОФМ 2026

ПОЛУФИНАЛЕ ЖЕНИ (26.03.2026)

17:30ч. Газели Волеј – Вардар ЕМ

19:30ч. Наковски Волеј – Младост УГД

ПОЛУФИНАЛЕ МАЖИ (27.03.2026)

17:30ч. Штип УГД – Струмица 47&72

19:30ч. ГОК Борец – Работнички 71&22

ФИНАЛЕН ДЕН

17:30ч. ФИНАЛЕ ЖЕНИ

19:30ч. ФИНАЛЕ МАЖИ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот