Накова се врати на Инстаграм: Атрактивната гевгеличанка ужива на сплавовите во Белград со Станија! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

По подолга пауза, моделот Александра Накова повторно се врати на социјалните мрежи, односно повторно го активира својот профил на Инстаграм.

Убавата гевгеличанка од вчера „започна“ да бомбардира со фотографии и „стори“ објави, а со тоа ја откри и локацијата на која моментално се наоѓа.

Накова откри дека се наоѓа во српската престолнина, односно објави фотографии и видео снимки дека ужива во ноќниот живот на овој град, а друштво и прави познатата старлета Станија Добројевиќ, со која се долгогодишни пријателки.

Инаку моделот Накова пред неколку години се омажи за поранешниот кошаркар Никола Гајдаџиев со кого имаат и ќерка, но набрзо тие решија да се разделат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот