Највозрасниот човек во Франција на изборна функција по 74 години заминува во пензија

Фото: Твитер

Дони за првпат бил избран во април 1945 година. Добил 13 последователни мандати во општинскиот совет.

Највозрасниот човек во Франција на изборна функција, 100-годишниот општински советник од селото Гран Шезо одлучи да не се јавува на локалните избори во март.

Стогодишникот Луи Дони „ќе се повлече по 74 години и 11 месеци служба во општината” изјави за француски медиуми неговиот син Жан Шарл кој исто така е во локалната управа на Гран Шезо.

Тоа е село со 246 жители во централниот департмент От Виен.

Дони за првпат бил избран во април 1945 година. Добил 13 последователни мандати во општинскиот совет.

– Во животот човек треба да биде разумен за сѐ. За мене како и за избирачите нема да биде разумно да се кандидирам пак. Оставам пат за младите – изјави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот