Највисокиот народ во светот почна да се намалува, а еве и зошто!

Луѓе уживаат во топлото време во Амстердам, Холандија / 07 Mај 2020, EPA-EFE/KOEN VAN WEEL
Холанѓаните долго беа највисоката нација во светот, но сега нејзините припадници стануваат сѐ пониски, пишуваат холандските истражувачи.

Иако висината се зголеми во последните 100 години, студијата покажала дека Холанѓаните родени во 2001 година биле 1 сантиметар пониски од своите сограѓани од 1980 година. Кај жените, разликата била поизразена и изнесувала 1,4 сантиметри.
Генерацијата од 1980 година можеби била највисоката досега.

Холандските мажи родени во 1980 година имале просечна висина од 183,9 сантиметри и биле повисои за 8,3 сантиметри од оние родени во 1930 година. Жените родени во 1980 година биле исто така значително повисоки – 170,7 сантиметри во споредба со 165,4 сантиметри за оние родени во 1930 година.

Студијата што ја спроведе статистиката на Холандија, општинската здравствена служба ГГД и Националниот институт за јавно здравје, РИВМ, анализирала 719.000 лица родени во Холандија, на возраст помеѓу 19 и 60 години, кои сами ја пријавиле својата висина и користеле просечната висина од 19 години, пишува Си-ен-ен.

Причината за намалувањето на висината е делумно поврзана со зголемувањето на имиграцијата од пониските групи на население, тврдат истражувачите.

Меѓутоа, растот исто така забавил за поединци чии родители се родени во Холандија, како и за оние чиишто четири баби и дедовци се родени Холанѓани.

Холандските мажи без семејна историја на миграција не покажале зголемување на висината, додека жените без никакви миграции во семејството станале „пократки“.

Меѓутоа, Холанѓаните стоеја со главата и рамениците над остатокот од светот поради нивната висина во последните 70 години.

Сликата не е единствена во цела Холандија, со големи разлики помеѓу северот и југот на земјата. Оние од Лимбург се најниски, додека староседелците од Фрисланд се повисоки помеѓу 3 и 3,5 сантиметри.

Истражувачите нагласиле дека Холанѓаните не ја загубиле титулата за највисоки луѓе во светот, а оние што се родени на преминот на милениумот и понатаму тврдат дека го имаат овој статус.

Со години, истражувачите се обидуваат да откријат зошто Холанѓаните се толку високи, со студиите што покажаа дека тоа може да се должи на природната селекција и на повисоките луѓе кои имаат повеќе деца, пренесувајќи ги своите високи гени.

Овогодишното откритие не е прво што сугерира дека растот се намалува или дека висината се намалува, а претходните студии сугерираат дека ова може да биде последица на зголеменото фокусирање на растителна исхрана (многу луѓе исфрлија животински намирници од исхраната) и на стабилизацијата на „факторите на животната средина кои го поттикнуваат растот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот