Најубавите женски имиња инспирирани од грчки и римски божици

Во потрага сте по женско име за вашиот нов член на семејстото? Побарајте инспирација во преубавите имиња на божиците од грчката и римската митологија.

За паровите кои бараат женско име по кое ќе го крстат своето девојченце, инспирацијата може да дојде од грчката и римската митологија. Еве неколку инспирирации од божиците.

Атена

Ќерката на Зевс, Атена, била божица на војните и на интелигенцијата. Но, и на уметноста и науката. Таа се сметала за заштитник на градовите, особено на Атина, која ѝ го должи своето име. Нејзините главни карактеристики се силата, мудроста и претпазливоста.

Клое, Клои или Деметра

Од грчкиот збор клое, или „зелена и нежна трева, ново израснато растение“. Клое (некаде и Клои) била божица на земјата, а ја викале и Деметра. Била одговорна за одгледувањето на земјоделските култури и за заштита на вегетацијата. Клое е име длабоко поврзано со природата и зеленилото. Таа симболизира свежина, младост и природа што се раѓа.

Артемида

Била божица на ловот. Родена на планината Конто, била заштитничка на дивите животни, особено на мечките и елените. Честопати е претставена со лак. Артемида е и божица на плодноста.

Диана

Римската божица на ловот (за Грците, тоа е божицата Артемида), била заштитник на дивите животни и на жените. Таа се поврзува со храброст, одлучност и почитување на природата.

Флора

Римска божица поврзана со култот на флората, заштитник на земјоделските култури и други растенија кои служат како храна, на овоштарниците и на лозовите насади. Флора е божица на цвеќињата.

Геа или Гаја

Гаја ја претставувала Земјата, мајка на сите живи суштества и природата. Оваа божица особено е поврзана со култот на земјата, всушност и со потеклото на животот.

Леда

Таа не божица, туку ќерка на кралот од Етолија, а била сакана од Зевс. Поради нејзината човечка форма не можела да му стане љубовница на Зевс, па тој ја претворил во лебед. Од нивната врска се родиле две јајца. Од првото јајце се родиле Диоскури, Касторе и Получе, а од второт – Елена и Клитенестра.

Мелиса

И Мелиса не била божица, туку нимфа. Таа прва ги открила пчелите и користела мед од нив за да го нахрани малиот Зевс. Нејзиното име е синоним за сладост.

Нике, Наике

Претставува персонификација на победата.

Олимпија

Жителка на Олимп, светата планина каде, според митологијата, живееле боговите. Зборот Олимпијада исто така потекнува од Олимпија, за да се означат „олимписките“ игри што се одржувале тука.

Реа

Ќерката на Уран и Гаја, Реа, е мајка на Зевс – таткото на сите богови и на Кронус – богот на времето.

Селена

Таа е божицата на Месечината. Името е поврзано со ноќта, смиреноста, тишината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот