Најубавата спортска водителка повторно е слободна, Дилета Леота ја одби брачната понуда

Дилета Леота својот 30 роденден го прослави без своето момче Џан Јаман/Рим, Италија/фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Иако нема официјална потврда, убавата италијанска спортска водителка Џилета Леота и турскиот актер Џан Јаман повеќе не се заедно.

Дилета Леота оваа година беше дел од разни шпекулации и приказни, дека за Нова година беше заедно со Златан Ибрахимовиќ, потоа дека е во врска со синот на претседателот на Рома, а потоа се појави и приказната со Џан Јаман кој ја запросил Италијанката.

Но, според италијанските медими Дилета и Џан Јаман повеќе не се заедно иако турскиот актер ја запроси новинарката со прстен вреден 40.000 евра.

„Во меѓувреме популарноста и на двајцата се зголеми, но очигледно е дека фановите на турскиот актер никогаш не веруваа во нивната приказна“, пишува „Дандоло“.


Потоа, Дилета и Џан Јаман заминаа во Турција за Италијанката да ги запознае родителите на актерот, но изледа дека оттогаш работите не одат во посакуваната насока.

За италијанските медиуми, сомнително беше тоа што Дилета својот 30. роденден го прослави без момчето.
„Двојката го поминуваше секој момент заедно, а потоа се оддалечија и тоа драстично. Тие во август заминаа на посебни одмори, а повеќе не објавуваат заеднички фотографии“, пишува „Дандоло“.

Наводно, турскиот актер веќе има нова симпатија, станува збор за Моран Атијас, позната израелска манекенка и водителка.  

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот