Маврово под снег и со подмрзнат пат/Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Во Берово утрово е најстудено, -19, а најтопло – 2 степени во Дојран. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот -18 степени се измерени во Битола, -13 во Тетово, -12 во Прилеп, Демир Капија и Дебар, -11 во Скопје-Петровец и Маврови Анови, -9 во Крива Паланка, Штип и Кавадарци, -8 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Крушево, Претор, Виница и Попова Шапка, -7 во Охрид и Куманово и -4 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 22 сантиметри во Маврови Анови, 18 во Битола и Попова Шапка, 16 во Дебар, 15 во Тетово, 14 во Ѓуриште, 13 во Берово, 12 во Крушево, 11 во Лазарополе, 9 во Претор, осум во Охрид, седум во Демир Капија, три во Струмица и Прилеп, два во Штип и еден сантиметар во Крива Паланка.

Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро, тивко и студено време. Во Демир Капија има магла со ограничена хоризонтална видливост од 50 метри, а појава на слаба магла има во Битола.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, тивко и студено. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени.

Во Скопје сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне три степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот