Најслатките изданија од малата бунтовна принцеза: Шарлот убавината и шармот ги наследила од мајка и, а карактерот од чичко и Хари! (ФОТО)

Средното дете на британскиот кралски пар е се само не обична принцеза…

Средното дете на британскиот престолонаследник и неговата сопруга Кејт плени со шарм и харизма, но и со тврдоглавоста.

инстаграм

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам имаат три деца, две момчиња, Џорџ и Луис и преслаткото девојче Шарлот (5) кое е средно дете.

инстаграм

Момчињата, доколку судиме според сликите, а и зборовите на Кејт и Вилијам, се полесни за одгледување од нивната мала принцезичка, за која на прв поглед покрај шармот и силниот карактер, се гледа дека, кога таа нешто ќе зацрта – тоа мора да го оствари.

инстаграм

Малечката Шарлот досега собра убедливо најмногу медиумско внимание од сите три деца на кралскиот пар.

инстаграм

И, тоа не е случајно!

инстаграм

Имено, малечката принцеза плени на сликите на кои позира на официјалните кралски фотографии, подеднакво како кога се крие намуртена зад сукњата на мама и гледа во објективот кој зумира.

инстаграм

Особено слатко е тоа што Шарлот, покрај двајцата браќа, научила како да се избори за внимание и заедно со поголемиот брат Џорџ да учествува во детските игри.

инстаграм

Шарлот е активна, весела и ужива во играта, но подеднакво сака и се бори за својот дел од вниманието на своите често зафатени родители.

инстаграм

Исто така, непроценливи се нејзините фотографии од венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, каде облечена како вистинска принцеза негодува што мора да стои на местото каде што и вели мајка и.

инстаграм

Се гледа дека малечката Шарлот е харизматична, бистра и убава девојка која својот бунтовнички карактер го наследила од својот чичко Хари, кој во детството бил многу сличен на неа, а тоа не се промени ниту денес.

инстаграм

Судејќи според се тоа за Кејт и Вилијам ќе значи дека Шарлот нема туку така лесно и без борба да ги почитува сите правила и прописи кои ги наложува кралскиот протокол, можеби исто како нејзиниот чичко Хари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот