Најскапото промашување во историјата на Реал Мадрид има најголема плата во Ла Лига

Еден Азар, белгискиот фудбалер на Реал Мадрид/фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар (31) е најплатениот играч во Ла Лига, иако се смета за најголемо промашување во историјата во историјата на „кралскиот клуб“. Според податоците на порталот „Каполоџи“, Азар заработува 31,2 милиони евра бруто годишно.

Белгиецот во 2019 година пристигна во Реал Мадрид за 100 милиони евра, а сумата може да се зголеми на 146 милиони со бонуси, но за три сезони на „Сантијаго Бернабеу“ одигра само 48 натпревари и постигна четири гола во Ла Лига.

На второ место се наоѓа неговиот клупски колега Карим Бензема со годишна плата од 24 милиони евра, додека трет е уште еден играч на Реал, Давид Алаба со 22,5 милиони евра.

Меѓу фудбалери со најголеми плати во Ла Лига е и фудбалерот на Барселона, Серхио Бускетс со 22 милиони евра, а петто е Тони Крос со годишен приход од 21,9 милиони евра.

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ е на десеттото место со годишна плата од 9,45 милиони евра.

Новото засилување на Барселона, полскиот репрезентативец Роберт Левандовски е веднаш зад Модриќ со плата од девет милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот