Граѓаните оддаваат почит на жртвите од пожарот во Кран-Монтана / Фото: EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Петнаесетгодишната Гркинка Алики е меѓу загинатите во трагедијата во Кран-Монтана

Швајцарските власти потврдија дека катастрофалниот пожар на новогодишната ноќ во барот „Констеласион“ во Кран-Монтана одзеде 40 животи, меѓу кои е и 15-годишната Алики Калерги од Грција, која е една од најмладата жртва во трагедијата. Информацијата ја потврди и грчкото МНР. Нејзиното семејство, кое очајно ја бараше, сега се соочи со страшна трагедија, објави Greekreporter.

Таткото на Алики, Антонис Калерги, го изрази своето длабоко жалење на социјалните мрежи објавувајќи слика од ангел со името „Алис“ на црна позадина.

„Мојата Алики сега е ангел. Нема зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме“, напиша тој.

Нејзиното семејство, вклучувајќи го и братот Ромен, кој претходно објави фотографија од Алики со апел за помош за да се пронајде по пожарот, сега споделуваат спомени за неа преку емотивни објави.

Повеќе од 115 гости од барот се повредени, а многумина се лекуваат од тешки изгореници од трет степен во специјализирани болници низ Швајцарија, Франција, Италија и Германија.

Трагедија во Кран-Монтана укажува на сериозни пропусти во безбедносните стандарди. Бројот на жртви и повредени, меѓу кои се претежно млади луѓе, ја шокираше јавноста и отвори прашања за одговорноста на менаџментот на барот.

Пожарот избувна во раните утрински часови на 1 јануари 2026 година, за време на новогодишна прослава.

Идентификувана е најмладата жртва во трагедијата во Кран-Монтана, имала само 14 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот