Најмалку 12 деца убиени во нападите на колумбиската армија од октомври
Во бомбардирањата на вооружените сили против герилците од октомври, убиени се 12 малолетници во Колумбија, изјави вчера претседателот Густаво Петро, среде широките критики за операциите, кои доведоа до смрт на тинејџери регрутирани против нивна волја, пренесува Вашингтон пост.
Препорачано
Колумбискиот омбудсман, независен орган, во саботата зборуваше за седум деца убиени во напад на армијата во јужниот амазонски департман Гвавијаре на 10 октомври.
Под притисок од САД, кои бараат посилни мерки за борба против трговијата со дрога, социјалдемократскиот претседател Петро нареди зголемување на нападите врз вооружени групи – а во бомбардирањата загинаа вкупно 28 наводни бунтовници во изминатата недела.
Шефот на државата вчера спомена уште пет малолетници кои загинаа во бомбашки напад во јужниот департман Какета на 1 октомври и уште еден минатиот четврток во Араука, на границата со Венецуела.
„Сите (малолетници) беа жртви на присилно регрутирање од страна на криминалци кои ги доведоа до непријателства“, забележа претседателот Петро преку Икс.
En la acción ofensiva sobre el frente de Iván Mordisco en Arauca se obtuvo el siguiente resultado:
1 adolescente rescatado con vida
8 muertos, dentro de ellos medicina legal confirmó que 1 adolescente de 16 años murió. Hay otro que tardarán tiempo en conocer la edad, que puede…— Gustavo Petro (@petrogustavo) November 17, 2025
Генералното воено обвинителство вчера објави дека започнало спроведување истрага за „потврдување“ дали нападот во кој загинаа 19 лица во Гавијаре „ги почитувал принципите и правилата што ја регулираат легитимната употреба“ на државна сила „во контекст на вооружен конфликт“.
Операциите беа насочени кон ЕМС, таканаречениот Централен Генералштаб, фракција на поранешни дисиденти на ФАРК предводена од најбараниот човек во земјата, чие воено име е Иван Мордиско.
Присилното регрутирање малолетници е едно од најфлагрантните кршења на човековите права во Колумбија, забележано во текот на шесте децении војна во латиноамериканската земја меѓу армијата, герилците, паравоените сили и картелите.
Вооружените групи кои продолжуваат да дејствуваат во земјата регрутираат малолетници со сила или измама за да ги зајакнат своите редови и не се двоумат да ги испратат во битка, нагласи народниот правобранител Ирис Марин за време на интервјуто што го даде за агенцијата Франс Прес во октомври.
Според Специјалната јурисдикција за мир (JEP), создадена како дел од мировниот договор потпишан во 2016 година меѓу државата и Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК), оттогаш во просек е киднапиран по еден малолетник на секои два дена.
Со само една година до крајот на мандатот, владата на Густаво Петро се соочува со неуспех на проектот за враќање на мирот преку преговори со разни вооружени организации и со најлошата безбедносна криза во земјата во последната деценија.


