Најлесни за хакирање: Овие 10 лозинки се најупотребувани во 2020 година, се пробиваат за една секунда

Откако ќе го прочитате текстов ќе размислите двапати пред да смислите нова лозинка.

Компанијата NordPass направи листа со десетте најчесто употребувани лозинки, анализирајќи повеќе од 275 милиони лозинки изложени во јавност, по откриени од хакерски напади.
Ова се најчесто користените лозинки за кои е потребна само една секунда за да се хакираат.

1. 123456 – помалку од една секунда за хакирање

2. 123456789 – помалку од една секунда за хакирање

3. picture1 – 3 часа за хакирање

4. password – помалку од една секунда за хакирање

5. 12345678 – помалку од една секунда за хакирање

6. 111111 – помалку од една секунда за хакирање

7. 123123 – помалку од една секунда за хакирање

8. 12345 – помалку од една секунда за хакирање

9. 1234567890 – помалку од една секунда за хакирање

10. senha – 10 секунди за хакирање

Повеќе од половината лозинки (56%) се повторуваат по неколку десетици до неколку милиони пати, а само 44 проценти од лозинките биле уникатни, односно никаде не се повторувале.

Од NordPass ги советуваат корисниците на интернет да не користат шаблони за лозинки за нивните профили на социјалните мрежи. За подобра заштита препорачуваат промена на лозинката на секои 90 дена со комбинација од големи и мали букви и креирање различни лозинки за секој профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот