Фото: Пекселс/ sam-lion

Најлесната салата со туна и кус-кус: Освежителен рецепт што може да се приготви за 10 минути

Кога надвор е топло, не сакаме да трошиме премногу време на термичка обработка на храната, згора на тоа, воопшто не сакаме да го вклучиме шпоретот. Кускус салата со туна и зеленчук е идеален рецепт за вакви денови.

За да го зготвите кус-кусот, не треба да го вклучувате шпоретот, доволно е да загреете вода во електричен бокал, да ја прелиете врз ситните зрна пченичен гриз и да оставите да кисне околу пет минути. Ако немате електричен бокал, можете да ја загреете водата и во микробранова печка.

Додека се кисне кускусот, исечкајте го зеленчукот, измешајте го со конзервирана туна и сè убаво зачинете, а потоа уживајте во лесен, брз и вкусен ручек.

Состојки:
250 мл топла вода
170 г кус-кус
1 голема конзерва туна во масло
1 голем домат
1 краставица
½ мал виолетов кромид
½ пиперка
грст маслинки
сол и бибер по желба
сок од лимон
свеж магдонос по желба

Подготовка:
Загрејте ја водата во електричен бокал и прелијте го кус-кусот. Оставете го да кисне околу пет минути.

Доколку сакате кус-кусот да има пополн вкус, можете да стопите коцка зеленчук во топлата вода пред да ја измешате со кус-кусот.

Исчистете го кромидот и исечете го на тенки ленти. Исечкајте ги доматот, краставицата, пиперката и маслинките.

Во поголем сад измешајте ги зеленчукот и конзервираната туна заедно со маслото. Зачинете со сол и бибер и додадете сок од лимон по желба. Додајте го сварениот кускус, сè убаво измешајте и послужете со сечкан свеж магдонос. Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот