Фото: Принскрин/Инстаграм

Најлесен начин за боење јајца за зафатените жени што немаат многу време

Кога немате многу време за вапсање на велигденските јајца, нашиот совет е боење со пареа, кое бара минимум труд.
Боењето на велигденски јајца на пареа се смета за најлесен начин за вапсање на велигденските јајца, додека резултатите се неверојатни – комбинации на бои што се прелеваат во фантастични форми.

Што ви е потребно:

– Варени јајца
– Врела вода
– Решетка – сито за цедење
– Бои за јајца – неколку ќесички

Подготовка:

Сипете вода во тенџере, па ставете на шпорет да зоврие.
Врз тенџерето ставете сито и во него ставете ги варените јајца.
Врз нив прелијте неколку ќесички боја и поклопете ги јајцата.
За неколку минути бојата ќе се рашири, а вие ќе добиете совршено обоени јајца.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот