Најлесен начин да дознаете каква е вашата циркулација

Profimedia

Како ден е јасно дека снабдувањето со крв во виталните органи е еден од основните начини на функционирање на организмот.

Нивото на циркулација може да укаже на местата во телото што не го добиваат она што би требало за правилно да функционираат, па токму од оваа причина важно е да се проверува дали сè функционира под кожата.

Нашиот систем на циркулација содржи околу 96.560 километри крвни садови кои делуваат како мрежа за да може телото да се движи. Затоа е паметно и да се следи состојбата на циркулацијата. Секако дека можете да посетите лекар за да проверите во каква состојба е циркулацијата, но постојат неколку едноставни трикови коишто можат да ви откријат колку добро се движи крвта низ организмот.

Првото место на кое можете да ја проверите состојбата на циркулацијата е кожата под очните капаци. Крвните садови во тоа подрачје се лесно видливи, што значи дека лесно ќе видите дали испукале. Сепак, тоа не мора да биде знак дека станува збор за лоша циркулација, но може да биде добар почеток за проверка на состојбата.

Второ место на кое можете да ја проверите циркулацијата е кожата. Значи, тонот на кожата може да открие како функционира циркулацијата. За ефикасно да проверите како срцето ви пумпа крв, притиснете дел од кожата за да го запрете протокот на крвта и набљудувајте колку брзо таа ќе се врати во тоа место откако ќе го ослободите притисокот. Ако се потребни неколку секунди за бојата на кожата да се врати во нормала, тогаш можеби имате проблеми со циркулацијата.

Лошата циркулација може да предизвика и физички проблеми

Симптомите на лоша циркулација може да се појават и во деновите кога извршувате вообичаени задачи. Чувството на вкочанетост или трнење во екстремитетите може да ја открие лошата циркулација, а истото го прават и грчевите или болката што се јавува во различни делови на телото. Постојат многу причини зошто може да дојде до лоша циркулација.

Зошто доаѓа до лоша циркулација?

Крвните згрутчувања во рацете и нозете можат да ја забават циркулацијата до многу опасни нивоа. Вените, исто така, укажуваат на проблеми со циркулацијата, кои можат да предизвикаат здравствени проблеми. Болеста на периферните крвни садови, исто така, предизвикува стеснување на крвните садови што ќе го оневозможи здравиот проток на крв до важните органи. Дијабетесот исто така може да биде симптом на лоша циркулација, па затоа е важно да разговарате со лекар и за тој проблем.

Како можете да ја подобрите циркулацијата?

За среќа, постојат неколку трикови кои помагаат да се поттикне циркулацијата – можете да вежбате јога или нежно да го масирате темето, што би требало да го поттикне движењето на крвта низ организмот. Еве уште неколку начини.

  • За добра циркулација, пијте доволно вода, а пожелни се и билни чаеви без додаден шеќер. Најдобро е течноста да ја земате рамномерно во текот на целиот ден, бидејќи кога ќе почувствувате жед, тоа значи дека веќе настапила дехидрираност.
  • Правилната исхрана е исто така важна – не прескокнувајте оброци и јадете што повеќе свежо овошје и зеленчук.
  • Несоницата и заморот го забавуваат метаболизмот и со тоа го зголемуваат чувството на студ во телото.
  • И стресот може да биде причина за студени нозе. Кога сме под стрес, во телото поинтензивно се лачи адреналинот и се стеснуваат крвните садови, па поради отежнатата циркулација се појавува чувство на студ. Истражувањата покажаа дека стресот го „изладува“ организмот доведувајќи до хипервентилација (забрзано дишење), поради што се појавува нерамнотежа во размената на кислородот и јаглерод диоксидот во крвта. Затоа, организмот може да се урамнотежи и да се „загрее“ со вежби за дишење и со други техники за релаксација.
  • Престанете да пушите и внимавајте што пиете – чувството на студ се засилува со земањето кофеин, никотин и алкохол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот