Instagram

Најголемата елка во светот е голема колку 30 фудбалски игралишта, а за 15 евра можете да си изнајмите светилка и да ја посветите на драга личност

Секоја година од почетокот на декември до неколку дена по Богојавление, на падините на планината Ингино над италијанскиот град Губио, ноќите ги осветлува најголемата елка во светот, еден од најпрепознатливите симболи на божиќната сезона во Умбрија и низ цела Италија.

Губио е прекрасен средновековен град во централна Италија, а е познат и по легендата за Свети Франциск и волкот од Губио. Спектакуларната светлосна инсталација по која тој стана препознатлив, првпат беше поставена во 1981 година, а во 1991 година беше запишана во Гинисовата книга на рекорди. Елката се состои од повеќе од 700 светилки поврзани со приближно 8.500 метри електрични кабли и може да се види оддалеку.

Обликот на елка го исцртуваат повеќе од 300 зелени светилки, а внатрешноста е исполнета со повеќе од 400 разнобојни светилки. Ѕвездата на врвот на површината е на околу илјада квадратни метри и се состои од повеќе од 250 светилки, кои стигнуваат сè до базиликата на Свети Убалдо, патронот на градот.

Instagram

Целата инсталација е висока околу 750 метри, широка 450 метри во основата и голема колку триесет фудбалски игралишта. Токму поради својата монументалност и импресивност, привлекува илјадници посетители од Италија и светот секоја година.

Од самиот почеток, проектот го одржува група посветени волонтери. сијаличките традиционално се палат на 7 декември, со свечена церемонија на која присуствуваат истакнати луѓе од културата, науката и хуманитарната работа.

Секој што сака може да учествува во иницијативата „Посвој светилка“ и да ја посвети на драга личност со донација од 15 евра. Собраните средства делумно се користат за покривање на трошоците за електрична енергија. Секоја светилка е достапна за „посвојување“ за време на божиќната сезона и повторно се отвора за нови „посвојувања“ следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот