Најголем купувач на руското злато е Велика Британија

Фото:. EPA-EFE/FRANK RUMPENHORST

Купувањето на руско злато во Велика Британија е двојно во однос на 2018 година, кога изнесуваше 433 милиони долари.

Според царинските податоци, во 2019 година Русија го продала речиси целото злато наменето за извоз на Велика Британија, објави „Москва тајмс”.

Царинските податоци покажуваат дека Велика Британија минатата година купила злато вредно 5,33 милијарди американски долари од Русија, или 93 проценти од извозот на Русија.

Русија извезла злато во вредност од 5,74 милијарди долари во 2019 година.

Британското купување на руско злато е двојно зголемено во однос на 2018 година, кога изнесувало 433 милиони долари. Рускиот извоз на злато во Британија количински пораснало единаесет пати, од 10,4 метрички тони во 2018 година на 113,5 тони минатата година.

Златото спаѓа меѓу стоките кои Британија најмногу ги купувала од Русија во 2019 година, имено, за руската нафта и производите од нафта Британија потрошила 3,4 милијарди долари, 936 милиони долари на платина и 100 милиони долари на сребро.

Дванаесет други земји, вклучително и Швајцарија, минатата година вкупно купиле руско злато во вредност од 409 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот