Најдобриот рецепт за италијанскиот специјалитет: Како да ги направите највкусните печени макарони?
Печените макарони со фета-сирење и спанаќ се едни од наједноставните и во исто време највкусните јадења кои често ги правиме.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ако сакате брз и вкусен ручек или вечера, печените макарони се вистинскиот избор, лесно се подготвуваат и не можете да погрешите. Можете да додадете состојки по ваша желба.
Состојки:
– 1 пакување макарони
– 250 грама спанаќ
– 200 грама фета сирење
– 150 грама сирење
– 2 јајца
– 200 мл млеко
– сол и бибер по вкус
– зачини по вкус
– малку масло
– коцка путер
Подготовка:
Сварете ги макароните во зовриена солена вода, а потоа измијте ги под ладна вода и исцедете ги.
Измијте го спанаќот и ставете го во зовриена солена вода, а потоа исплакнете со ладна вода. Добро исцедете го и ситно исечкајте го.
Ставете го фета-сирењето. Изматете ги јајцата и млекото. Намачкајте огноотпорен сад или тавче со масло.
Сипете во садот со макарони. Додадете фета-сирење, рендано сирење, спанаќ и путер. Зачинете со сол и бибер. Добро измешајте.
Прелијте ги макароните со изматените јајца и млекото. Протресете го садот.
Печете ги макароните во рерна загреана на 200 степени Целзиусови додека не поруменат. Послужете топло.


