Најдобриот фудбалер според ФИФА во 2021 ќе се избира меѓу Левандовски, Меси и Салах

Познати финалистите за наградата „The Best“/ фото: FIFA

Роберт Левандовски, Лионел Меси и Мохамед Салах се финалиситите за наградата „The Best“ која на најдобриот фудбалер на годината ја доделува Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Тројцата фудбалери останаа во конкуренција за наградата, откако се изброеја гласовите на селекторите и капитените на сите фудбалски репрезентации како и на новинарското жири.

Наградата „The Best“ се доделува од 2016 година, а најдобар фудбалер во 2020 година беше Роберт Левандовски кој во финалниот избор ги победи Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Роналдо два пати ја освои наградата (2016 и 2017), а по еднаш Меси (2019) и Лука Модриќ (2018).
Добитникот на наградата ќе биде познат на 17 јануари.,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот