Најдобрата хрватска атлетичарка збесна: Ние не можеме да имаме нормален тренинг, а Американците имаат свој стадион за тренинзи

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Главната фаворитка за освојување на златен медал во фрлање диск на Олимписките игри во Токио, Сандра Перковиќ, е бесна на организаторот бидејќи немаат соодветни услови за тренинг.
Организаторот на натпреварувачите во фрлање диск и во фрлање кладиво им одредил само еден круг и тоа за двете конкуренции, и машка и женска.

Имам ужасно големи проблеми со условите. Стадионот за тренинзи има само еден круг за кладиво и за диск, а тука имаме 32 натпреварувачки во фрлање диск, исто толку има и во машка конкуренција, па исто толку и во фрлање кладиво. Значи вкупно околу 130 атлетичари користат само еден круг за тренинзи. А некој пат во нашите термини ги ставаат и натпреварувачите во фрлање копје – вели Перковиќ која е свесна дека не може максимално да се подготвува за својот настап.

– Последниот тренинг пред квалификациите го започнав во 9.30 часот наутро, а згора на тоа брзавме за да стигнеме што порано и фрлав до 11.47 часот. Значи два часа и 17 минути и во тоа време успеав само седум пати да го фрлам дискот.

Перковиќ вели дека не е иста ситуацијата за сите атлетичари, таа открива дека Американците се привилегирани и се им е дозволено.
– За да биде работата уште полоша, сите ние во олимпиското село имаме забрана за движење и секое утро не тестираат на корона, но затоа Американците имаат свој стадион на кој можат да тренираат и до кого имаат дури и службен превоз. Тие можат да тренираат колку сакаат и кога сакаат и сето тоа ИОК им го дозволува. Колку што знам, во олимпискиот дух е сите да сме сместени на исто место, сите да јадеме иста храна и сите да се бориме на исти борилишта – вели лутата Перковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот