Најбогатиот клуб на светот и официјално го донесе првото засилување

Трипие потпиша договор на две и пол години/фото: твитер/Newcastle United FC

Њукасл кој со преземањето од страна на Саудискиот инвестициски фонд (ПИФ) стана најбогат клуб на светот, и официјално го донесе првото засилување во новата ера, Киран Трипие од Атлетико Мадрид.

Трипие потпиша две и пол годишен договор со Њукасл, а интересно е што повторно ќе работи со Еди Хау кој во 2011 година го донесе во Барнли.

– Воодушевен сум што дојдов во фантастичен тим како Њукасл. Навистина уживав во Мадрид, но кога станав свесен за интересот на Њукасл чиј тренер е Еди Хау со кого работев во минатото, знаев дека ова е клубот во кој сакам да дојдам. Свесен сум дека не чека многу работа пред нас, но добро ја познавам Премиер лигата и знам дека Њукасл е неверојатен клуб со многу талентирани фудбалери. Едвај чекам да излезам на „Сент Џејмс Парк“ како играч на Њукасл – изјави Трипие по потпишувањето на договорот.

Трипие во Њукасл доаѓа по две сезони поминати во шпанската Ла Лига, а со Атлетико Мадрид минатата сезона ја освои и титулата. Покрај Атлетико и Барнли, англискиот репрезентативец во кариерата има играно и за Тотенхем и Барнсли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот