Најбизарните теории на заговор на стариот Холивуд: Убиства, самоубиства и неразјаснети мистерии

Мерилин Монрое
Фото: Instagram

Иако поминаа децении од овие настани, за нив се зборува како да се случиле вчера. Еве некои од најбизарните теории на заговор поврзани со стариот Холивуд:

Смртта на Елвис Присли

Контроверзноста околу смртта на кралот на рокенролот, не престанува со децении, а теоретичарите на заговор во оваа приказна пронајдоа вистинска плодна долина за развој на најзамислените теории. Дали навистина кралот остави причина за тоа? И ако е така – дали беше намерно или случајно?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elvis Presley (@elvispresleyuniverse)


Ноќта кога Елвис починал, била извршена обдукција. Медицинскиот патолог ја наведува првичната причина за смртта како „срцева аритмија“, што едноставно значи дека срцето престанува да чука. Се разбира, тоа било точно, но тој не ја спомнал можноста за земање на лекови кои предизвикуваат срцева аритмија.

Во меѓувреме, патолозите од „Baptist Memorial“ (каде е извршена обдукцијата) сугерираат дека лековите играле значајна улога во смртта на Елвис. Контрадикторните извештаи доведоа некои луѓе да почнат веруваат дека има прикривање во вистината за смртта на кралот на рокенролот.

На споменикот на Елвис е врежано „Elvis Aaron Presley“. Проблемот е што средното име на Елвис е традиционално напишано со само едно А. Ова ги натера некои обожаватели да веруваат дека станува збор за намерно погрешно напишан правопис, што укажува на тоа дека кралот е сè уште жив.


Со текот на годините, голем број луѓе тврдеа дека го виделе Елвис Присли лично и на фотографии. Една пошироко распространета фотографија, наводно, го покажува Елвис зад вратата на екранот во Грејсленд по неговата смрт. Во текот на осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век, имаше експанзија на гледање на Елвис на различни места.

Убиството на Црната Далија

Црна Далија е во центарот на едно од најголемите озлогласени убиства во Холивуд. Дваесет и двегодишната актерка во подем Елизабет Шорт беше пронајдена мртва на 15 јануари 1947 година. Нејзиното тело беше осакатено и исечено на половина, поради што полицијата се сомневаше на локални студенти по медицина. Сепак, убиецот ја следел работата на полицијата и им испраќал предмети што и припаѓале на актерката. И покрај ова, случајот остана до ден денес нерешена мистерија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Monroe (@marilynmonroe)


Самоубиството на Мерилин Монро

Познатата актерка Мерилин Монро е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Брентвуд. На 5 август 1962 година. Додека нејзината смрт се водела како самоубиство, се појавиле голем број теории за актерката. Некои ги обвинија мафијашите, некои американската информативна агенција, дури и семејството Кенеди.

Трагичната смрт на Вирџинија Рејп

Рејп имала само 26 години кога почина од воспаление на мочниот меур во 1921 година. Смртта на младата актерка доведе до голем скандал и долго судење во Холивуд. Имено, четири дена пред нејзината смрт, Рејп присуствувала на забава во станот на Роск Ербакл, која во тоа време беше sвезда на немите филмови. Мод Делмонт изјави дека Рејп била сексуално малтретиран од Ербакл на една забава и починала како резултат на преживеаниот стрес од нападот. На Роск му се судело за убиство, и иако бил прогласен за невин, неговата кариера никогаш не се опоравила по тој скандал.

Самоубиството на Џорџ Ривс

Ривс е најпознат по улогата на Супермен во серијата „Авантури на Супермен“. Тој почина на 16 јуни 1959 година од истрел во главата. Неколку лица биле присутни за време на смртта на Ривс, вклучувајќи ја и неговата свршеница Леонор Лемон. Една од работите што била сомнителна во овој случај беше дека групата чекала да повика полиција по пукањето. Ривс беше пронајден гол во креветот, со стапалата на подот и со пиштол меѓу нив. Иако наводно бил депресивен поради неговата кариера, не сите веруваат дека неговата смрт била резултат на самоубиство.


Сообраќајната несреќа и смртта на Џејмс Дин

Дин загинал во сообраќајна несреќа на 30 септември 1955 година, кога имал 24 години. Деталите за несреќата и биле познати на јавноста – Џејмс го возел своето Порше кога го удри Форд управуван од дваесет и тригодишниот Доналд Трапсид. Теоретичарите на заговор веруваат дека Дин не починал во несреќата. Тие тврдат дека штетата била премногу мала, па Дин сам ја исценирал својата смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот