Најбараниот фудбалер на Европското првенство доаѓа во Јувентус!?

Мануел Локатели досега ги бранеше боите на Сасуоло/Фото: EPA-EFE/Alessandra Tarantino

Италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели би можел летово да направи трансфер во редовите на „Старата дама“.

25-годишниот играч за врска од Сасуоло е најбараниот играч во италијанската репрезентација која има одлични партии на Европското првенство. Локатели беше дел од младинската школа на Милан, за „росонерите“ одигра три сезони со 63 настапи, а во 2018 година го облече дресот на Сасуоло каде што е стандарден првотимец.

За италијанската репрезентација дебитираше минатата година во септември и досега има постигнати три гола на 12 настапи. На ЕП беше првотимец во првите два натпревари од групата „А“, во второто коло постигна два гола во победата над Швајцарија (3:0), а доби одмор од селекторот Роберто Манчини за дуелот против Велс.

Важечкиот договор со клубот му истекува во јуни 2023 година, моментно според „Трансфермаркт“ вреди 35 милиони евра.

Италијанскиот стручњак за трансфери, Џанлука Ди Марцио објави дека започнале преговорите меѓу Јувентус и Сасуоло. Јувентус најверојатно ќе му исплати 40 милиони евра, колку што бара Сасуоло, но најавите велат дека ќе го ангажираат на двегодишна позајмица со обврска за откуп на договорот. Таквиот трансфер ќе му помогне на Јуве да го олесни буџетот за оваа сезона.

Сити по Европското првенство ќе го потврди трансферот на Грилиш!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот