Гордан Спасовски и Оливер Белопета / Фотографија: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Наградата за Најдобар македонски џез-музичар на Скопскиот џез-фестивал е чест и привилегија

Традиционалната награда за Најдобар македонски џез-музичар за изминатата година на првата вечер на 44-то издание на Скопскиот џез-фестивал, на 16 октомври, му беше врачена на Гордан Спасовски.

Станува збор за истакнат пијанист, композитор и аранжер и дел од Националниот џез-оркестар. „Чест и привилегија е да се биде дел од оваа приказна. Упатувам благодарност до Скопскиот џез-фестивал и до публиката, бидејќи благодарение на вас џез-музиката ќе продолжи да цути“, рече Спасовски.

Концертната програма на Скопскиот џез-фестивал годинава се одржува од 16 до 19 октомври во Националната опера и балет и содржи осум ексклузивни и стилски разнобојни концерти.

Фестивалот го отвори триото на полскиот пијанист, композитор и аранжер, Анджеј Јагоѓински, а веднаш потоа следуваше концерт на Националниот џез-оркестар со двајца специјални гости, Зиги Фајгл и Луис Бониља.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот