Нафтата повторно скокна, барел се тргува за 110 долари, Европските берзи се затворени, брент нафтата чини 109 долари
Цените на нафтата на меѓународните берзи денеска повторно се зголемија, пред сè поради стравот од долготрајна блокада на Ормускиот Теснец. На берзата во Лондон цената на барел нафта од вчера се зголеми за 6,45 долари и се тргуваше за 110 долари.
Препорачано
На американските берзи зголемувањето беше за 10,80 долари и барел се тргуваше за 110,92 долари. Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се зголеми за 11,41 проценти, а цената на нафтата од типот брент се зголеми за 7,78 проценти. Европските берзи се претежно затворени денес, како и пазарите во Соединетите Американски Држави, бидејќи христијаните кои го бројат времето според Грегоријанскиот календар го одбележуваат Велики петок, додека Московската берза е отворена, а нејзиниот индекс „MOEX“ се зголеми за 0,26 проценти на 2.782,12 поени во 9:30 часот наутро, додека пазарите го следат извештајот за вработеност во САД за март за да добијат нови сознанија за состојбата на американската економија.
Пазарот на трудот во САД е во фокусот денес, бидејќи се очекува да биде објавен мартовскиот извештај, со проекција дека се создадени околу 59.000 нови работни места, што е слабо темпо на раст, но доволно за да се одржи стапката на невработеност на 4,4 проценти, според CNBC. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека станува збор претежно за пониско платени работни места, кои имаат ограничено влијание врз потрошувачката и поширокиот економски раст.
Голдман Сакс и Мудис неодамна ги зголемија своите проценки за веројатноста за рецесија во САД во следните 12 месеци, наведувајќи го забавувањето на вработеноста и зголемувањето на цените на енергијата, пренесува Танјуг.


