Надградба на апликацијата: Граѓаните преку „мЗаедница“ можат да остварат различни права

Фото: facebook

Унапредување на мобилната апликација „мЗаедница“ и можноста преку неа граѓаните да остваруваат различни права, беше една од темите на разговор на работната средба меѓу градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и извршниот директор на Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“, Милан Танчески.

Како што соопштија од Општина Карпош, Богоев и Танчески го продолжиле меморандумот за соработка во врска со мобилната апликација, која е активна повеќе од една година.

Сите граѓани што поседуваат паметен телефон, можат да пријавуваат проблеми, да даваат предлози и иницијативи за Карпош преку електронски пат.

Апликацијата добива додадена вредност затоа што преку неа жителите ќе можат да аплицираат и за субвенции за велосипеди или е-тротинети, за еднократна помош за новороденче и други услуги.

– „мЗаедница“ во периодот што претстои ќе биде надградена со овие формулари за апликација. На овој начин граѓаните од Карпош по електронски пат ќе можат да остваруваат свои права, без да доаѓаат со физичко присуство во Општината. Основната цел е да се обезбеди рационализација на времето, а и во време на светска пандемија да избегнеме создавање на метеж, стои во соопштението од Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот